Романскиот пазар на труд, за жал, нема голема доверба во младите луѓе. Поради тоа, брендот за брза храна McDonald’s лансираше нова кампања за романскиот пазар која има цел да ја промени таквата перцепција и да ги руши негативните стереотипи кои постојат за припадниците на Генерацијата Z.
Соработувајќи со една од најпопуларните млади артистки во земјата, Bruja, брендот лансираше говорен поетски манифест кој ги потсетува луѓето дека младите имаат моќ да ги променат работите на подобро благодарение на својата имагинација и ентузијазам. Токму затоа, McDonald’s се позиционира како компанија која цврсто стои на страната на младите, поддржувајќи ги во нивните потфати.
Кампањата е дел од новата бренд платформа која брендот ја лансираше во Романија, а го носи името “Something Good Is Waiting For You” („Те чека нешто добро“). Платформата треба да го промовира општествениот придонес на McDonald’s.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција DDB Romania и продукциското студио Multi Media Est.