Home » Во фокусот » MediaCom нова медиска агенција на компанијата Alibaba!

MediaCom нова медиска агенција на компанијата Alibaba!

Компанијата Alibaba ја именува MediaCom за своја медиска агенција, која ќе управува со медиската стратегија и закупот, во рамките на напорите на кинескиот гигант за е-трговија да ја продолжи својата амбициозна меѓународна експанзија, особено на американскиот пазар.

Назначувањето следеше после питчот во кој беа вклучени Publicis Media, Dentsu Aegis и Wavemaker, а вклучува медиумски услуги за Tmall World, Taobao International, Alibaba Cloud и Dingtalk.

MediaCom е задолжена да помогне во зголемувањето на прометот и стапката на конверзија на Tmall World, веб-страница за е-трговија која опслужува речиси 100 милиони Кинези ширум светот. Тие, исто така, ќе имаат задача да ја подигнат свеста за услугите на Alibaba Cloud и Dingtalk.

Со акаунтот ќе управува MediaCom Кина, при што агенцијата тесно ќе соработува со локалните пазари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365