М365: Каква година беше 2018 за вашиот медиум? Што е она по што ќе ја паметите?
2018 беше подобра од две другите досега од нашето постоење во државава. Многу повеќе доверба кај читателите, то ест повеќе од 40 илјади луѓе што не читат дневно. Беше подобра и за слободата на изразување, значи немаше притисоци за работа. Исто така, се повеќе од македонските компании ни веруват и си го употребуват Telegrafi како медиум за комуникација со албанска публика.
М365: Како гледате на симбиозата помеѓу ПР и маркетинг агенциите и медиумите во Македонија?
Не и се дава доволно значење на дигиталот, за да има подобар ефект целиот процес во симбиозата меѓу ПР и маркетинг агенциите и медиумите во Македонија. Да се знаеше подобро вредностата на порталите, сигурно ќе имаше подобри резултати, и за агенциите, и за компаниите па и за читателите.
М365: Која пракса на ПР професионалците ја почитувате најмногу, а која пракса Ви смета најмногу?
Не се знае во Македонија што е ПР, а што е пропаганда. Почитувам комуникација без елементи на пропаганда и ми смета чиста пропаганда што повеќе се прави од државните иституции кои сакат да го користат ПР како алатка за пропаганда. Ако треба оценка за годината, за ПР во државава наша, би дал 2/5.
М365: Какви се Вашите желби за годината што претстои, а се поврзани со медиумската индустрија?
Да се знае вредностата на дигиталот, компаниите да рекламират повеќе за албанската публика и институциите да се дистанцират од било какво делување врз медиумите.