Автор: Љубица Вукчевиќ, Insight Manager, DIRECT MEDIA United Solutions.
Кога станува збор за медиските трендови за 2019 клучниот поим е промена.
Промени се случуваат на сите медиуми – линеарната телевизија се дополнува со Over-the-top телевизија. Over-the-top се однесува на персонализирана технологија, гледање на наше барање, индивидуелна содржина, без реклами но и модели со персонализирани реклами. Сето тоа е поради фактот дека се повеќе и повеќе луѓе се поврзани со мобилен телефон.
Кога станува збор за мобилните телефони, со оглед на тоа дека на глобално ниво од 1,2 милијарди луѓе веќе имаат смарт телефон, а во Србија, речиси 65% од населението, маркетингот преку мобилните телефони станува задолжителен. Тоа значи дека содржината што ја пласираме треба да се прилагоди и за малите екрани во визуелна смисла, и во брзината на вчитување.
Промени се случуваат и на интернетот. Вертикалните видеа стануваат нешто стандардно, вниманието на публиката е се пократко и со тоа огласувачите имаат можност да ја таргетираат публиката во микро-моменти преку пократки реклами (snack adds). Инфлуенсерите и понатаму ќе зазимаат голем дел од дигиталниот пазар, но она што е ново, е поголем број на микро инфлуенсери но исто така и фокус кон перформанс кампањи и попрецизни мерења.
Самиот модел на рекламирање се менува. Со помош на блокчејн, посредникот полека се исфрла и огласувачите ќе можат директно да го купат вниманието на нивните корисници.
Во некои сегменти, иднината доаѓа полека: интернет пребарувањето кое сега е на врвот, полека ќе се движи кон визуелно и аудио пребарување.