Мексико ги обвини светските модни брендови Zara, Anthropologie и Patowl за незаконско присвојување на мексиканската култура, обвинувајќи дека тие во нивните креации користеле дизајни од автохтони мексикански групи без никаква корист за тие заедници.
Мексиканското Министерство за култура објави дека испратило писма потпишани од мексиканскиот министер за култура Алехандра Фраусто до сите три глобални компании, во кое од секоја од нив се бара „јавно да образложи врз основа на што го приватизирале колективниот имот“, пренесува Ројтерс.
Министерството за култура обвини дека брендот Zara, сопственост на Индитекс, најголемиот малопродажник на облека во светот, во нивниот син везен фусан користел симболи и дизајни карактеристични за традиционалните “huipil” фустани, типични за домородната заедница Микстек од Сан Хуан Колорадо во јужната држава Оаксака. Парчето облека за кое станува збор веќе не е достапно за продажба на веб-страницата на Zara.
„Дизајнот за кој што станува збор во никој случај не беше намерно позајмен од уметничко дело на мексиканскиот народ „Микстек“, ниту беше создаден под тоа влијание“, соопштија од компанијата Индитекс во изјава за Ројтерс.
La Secretaría de Cultura pide explicación a las marcas #Zara, #Anthropologie y #Patowl por apropiación cultural en diversos diseños textiles
Detalles 👉 https://t.co/VH4wk4G137 pic.twitter.com/reD6vzecNh
— Secretaría de Cultura 🏳️🌈 (@cultura_mx) May 29, 2021
Пар везени шорцеви од брендот Anthropologie исто така беа посочени како пример за наводно културно присвојување. Мексиканската влада тврди дека шорцевите, кои чинеле речиси 70 долари, има симболи кои потсетуваат на оние што ги користела домородната заедница Микс. Шорцевите сè уште беа достапни за продажба на страницата на Anthropologie во понеделникот.
Исто така и брендот Patowl е обвинет дека “цвеќињата на нивните кошули“ биле инспирирани од техниките за вез на заедницата домородната заедница Запотек до Сан Антонино Кастиљо Веласко. Министерство за култура на Мексико тврди дека рачно изработениот цветен вез на кошулите на Patowl е имитација на комплексна техника позната како „hazme si puedes“ („направи ме ако можеш“).
URBN и Patowl не одговорија веднаш на барањата за коментар.