Заради промовирање на Мексико како туристичка дестинација во Германија, агенцијата Lapiz, како дел од Leo Burnett, направи специјална изложба во која е инсталиран уред од кој наместо дожд, паѓа текила.
Сето тоа е направено во текот на зимските дождливи и ладни денови во кои жителите на Берлин наместо дожд, ќе можат да го осетат вкусот на Мексико.