(СВЕТ) – Eurobest – европскиот фестивал на креативноста го прогласи Mercedes-Benz за овогодишен Огласувач на годината.
Louise Benson, директорката на Eurobest фестивалот по повод ова доделено признание искоментира дека Mercedes-Benz е бренд кој е “очигледно неверојатно предан кон креативноста преку целата своја комуникација“.
Огласувач на годината е признание кое фестивалот еднаш годишно го доделува за компаниите кои се истакнуваат со иновативен маркетинг на своите производи, кои ја прифаќаат и поттикнуваат продукцијата на креативната работа на своите агенции.
Во последните четири години Mercedes-Benz освои вкупно 17 Еуробест награди, вклучувајќи ги и Grand Prix во категоријата Direct за кампањата Daimler „The Invisible Drive“ која исто такао однесе и златни награди во Outdoor и Promo&Activation
Eurobest оваа година се одржува од 1 до 3 декември во Антверп Белгија а повеќе информации за програмата побарајте на www.eurobest.com