Со цел промоција на својот ултра луксузен спортски кабриолет AMG SL63, автомобилскиот бренд Mercedes-Benz ја лансираше кампањата “New Light” („Нова светлина“) за американскиот пазар.
Во фокусот не кампањата се наоѓа филмски спот сместен во ноќен амбиент, кој всушност бил снимен дење. Имено, снимките биле направени на изолирана локација во попладневните часови на брегот на Калифорнија, а потоа со маестрална градација на бои и визуелни ефекти, пејсажот бил трансформиран во драматични ноќни сцени.
Рекламата претставува показател за тоа колку далеку е отидена видео продукцијата, развивајќи техники кои од една страна заштедуваат време и пари, а од друга – резултираат со надреално драматични сцени.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Merkley + Partners и продукциското студио The-Artery.