Mercedes-Benz на CES саемот во Лас Вегас го претстави својот нов “автомобил на иднината” чиј футуристички дизајн е инспириран од филмот Avatar. Автомобилот е наречен Мерцедес-Бенз Вижн АВТР.
Во дизајнот на автомобилот бил вклучен и режисерот на филмот Џејмс Камерон, а автомобилот нуди можности кои досега ги гледавме само во филмови. На пример, Мерцедес во овој модел носи 33 “bionic flaps” за комункација со луѓе надвор од автомобилот.
Волан во автомобилот нема, но има посебен контролор како за видео игри. Седиштата вибрираат во склад со дишењето на патниците и ритамот н сцето. Тркалата се посебна приказна, тие може да ротираат така што автомобилот може да се вози “на страна” (ете решение за тие што ги мачи бочно паркирање).
Секако мора да напоменеме дека овие концепти служат како произведувачите би ги претставиле своите размислувања за тоа како автомобилите би можеле да се развиваат во иднината, но секако дека не е далеку денот кога голем дел од овие работи ќе се интегрираат и во сериските производства.