Минатата недела, во Сан Франциско во САД беше прикажана премиерата на новото продолжение на филмскиот серијал “Matrix”, насловено “The Matrix Resurrections”.
По тој повод, германскиот автомобилски бренд Mercedes-Benz веднаш пред кино-салата постави теренско возило од Benz G-класа, вметнато во огромна црвена пилула. Целата структура била долга околу 13 метри, широка 4 метри и висока 3,5 метри.
Причината за оваа инсталација е тоа што возило од истата класа на Mercedes се појавува и во самиот филм, иако не баш истиот модел (во филмот се појавува G550, а во инсталацијата се најде AMG G63).
Концептот на црвената пилула произлегува од иконичната сцена во првиот „Матрикс“, кога на главниот јунак му се дава избор: да земе сина пилула и да остане во лажниот свет на матрицата, или да земе црвена пилула и да се разбуди во реалноста.
„G-класата и црвената пилула многу добро одат заедно. И двете значат слобода, индивидуалност и самоопределување“ – посочи д-р Емерих Шилер, генералниот извршен директор на Mercedes-Benz.