Напнатата канадска серија “Мери убива луѓе” (Mary Kills People ) влегува во третата и последна сезона, која ќе биде премиерно прикажувана на Пикбокс (Pickbox) во мај, од недела на недела. Во последното поглавје нѐ очекуваат шест епизоди и конфликтен избор меѓу животот и смртта.
По шокантното финале на втората сезона, во кое судбината на детектив Бен Весли (Jay Ryan) остана да виси на конец, д-р Мери Херис (Caroline Dhavernas) и нејзиниот партнер д-р Дезмонд “Дес” Бенет (Richard Short) се враќаат за да ги решат компликациите што настануваат околу нивното новоформирано “Засолниште”.
ВО НОВАТА СЕЗОНА СЕ ПРИКЛУЧУВААТ ИЗВОНРЕДНИ АКТЕРКИ
Две нови актерки се приклучуваат на третата сезона – канадската актерка Елизабет Сондерс (Alias Grace, It), ја игра медицинската сестра што ќе ѝ го искомплицира животот на Мери, а актерката Рејчел Анчерил (Rookie Blue, Wynonna Earp) ќе ја оживотвори пациентката со силна желба за живот пред неизбежната смрт .
ШТО МОЖЕМЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ?
Оваа оригинална криминална серија во третата сезона ќе одговори на прашања што останаа нерешени од напнатата втора сезона, а се најавува возбудлива, шокантна и емотивна завршница.
Д-р Мери Херис мора да се соочи со сопствениот избор, личната етика и демоните на сосема нов начин. “Засолништето” е во функција, но неговиот параван на легитимна болница едвај држи вода. Идиличната визија што ја имаа Мери и Дес се распаѓа, па се чини невозможно да ја продолжат својата работа во тајност. Работата на Мери и нејзиното семејство пак се доведени во опасност, а таа сфаќа дека тој ќе мора животот да го стави на прво место, без разлика колку и да е комплексен.
Третата сезона на напнатата криминална серија “Мери убива луѓе” (Mary Kills People ) следете ја од недела на недела на Пикбокс (Pickbox)!