Технолошкиот гигант Мета ја претстави најновата верзија на нивниот хедсет за виртуелна и проширена реалност – Meta Quest 3.
Според најавите, новиот модел се карактеризира со повисока графичка резолуција и поробусни перформанси во однос на своите претходници, овозможувајќи побрзо вчитување на елементите и уште поостри детали при истражувањето на имерсивни видео игри.
Исто така, уредот е редизајниран со цел да обезбеди подобра удобност за корисниците – нешто што беше критикувано во однос на претходните уреди за виртуелна реалност.
Новиот хедесет Quest 3 ќе биде пуштен во продажба подоцна оваа година, почнувајќи со цена од 500 американските долари за „најслабата“ верзија од 128 GB. Напоредно со тоа, цената за постариот модел на хедсетот, Quest 2, ќе биде намалена на 300 долари за верзијата со 128 GB, односно 350 долари за верзијата со 256 GB.
Случајно или не, објавата за новиот хедсет на Мета доаѓа непосредно пред очекуваното објавување на првиот хедсет за виртуелна реалност на конкурентот Apple, што според најавите би требало да се случи оваа недела.