Технолошкиот гигант Meta лансираше нова кампања која во фокусот ги става велосипедистите и ги промовира искуствените придобивките кои метаверзумот им ги нуди доколку тие се одлучат да „нурнат“ во него.
Во централниот спот насловен “Amani” се појавуваат 12 млади африкански велосипедисти кои сонуваат за еден ден да се натпреваруваат на Тур де Франс. Во текот на промотивниот филм, секој од спортистите користи технологија за да го подобри своето велосипедско искуство, но и за меѓусебно поврзување еден со друг.
Ова е втора кампања на Meta која специфично ги промовира метаверзумските напори на компанијата, од каде тврдат дека метаверзумот има „потенцијал универзално да ги сруши бариерите“.
Филмот бил режиран од Аус Тејлор и Мерло Десајр од Illimité World, заедно со Даниел Волф кој претходно го продуцирал и наградуваниот и номиниран за Еми филм на Meta – “Skate Ghana Nation“. Кампањата се реализира со помош на агенцијата Droga5 од Њујорк.