Секоја нова летна авантура е поубава кога до вас имате пријател да ви го направи патешествието поинтересно. Забавите се полуди, веселите моменти се посреќни, а предизвиците полесни за преминување. Тоа е пораката во рекламата за новиот безалкохолен газиран пијалак „Вива Спарк“ кој е достапен во три цитрусни вкусови, бел грејпфрут и лимон, црвен грејпфрут и портокал. Новите газирани производи со премиум квалитет и повисока содржина на овошје од останатите газирани производи на македонскиот пазар, се наменети за сите луѓе кои сакаат да пробаат нешто поинакво, квалитетно и ново.
„Вива Спарк“ содржи многу повеќе свежо овошје и е пијалак кој е исклучително освежителен поради што е совршениот избор особено во летните горештини. Рекламата е работена од страна на „Њу Момент“, режисер е Срѓан Јаниќијевиќ, а директор на фотографија е Фејми Даут. Покрај студиските снимки за кои беше ангажиран стилист за храна од странство, дел од материјалот е сниман на каменоломот на УСЈЕ, во Градскиот парк, рингишпилот кај салата „Борис Трајковски“, покривот на студентскиот дом „Гоце Делчев“ и на други актуелни локации.
Во видеото се појавуваат голем број урбани млади ликови кои најдобро ја доловуваат пораката зад пијалакот – „Вива Спарк. Почувствувај ја разликата. Нови. Газирани. Со вистинско овошје“. Секој од актерите во рекламата живее различно секојдневие – некој денот го минува со скејтбордот под нозе, друг во теретана пред вреќата за боксување, трет со велосипед низ планинските патеки … Но, сите ги врзува потрагата по свежи искуства и желбата секој ден да им биде исполнет со предизвици, а „Вива Спарк“ во сите три цитрусни вкусови е идеалниот придружник на авантурите.