(20.08.2020) – Технолошкиот гигант Мајкрософт официјално потврди дека од 17 август 2021 година ќе ја запре техничката поддршка за интернет пребарувачот Internet Explorer, ефективно ставајќи му крај на неговата децениска „кариера“.
Тоа значи дека дека за една година, Интернет Експлорер повеќе нема да работи на апликациите на Мајкрософт како што се Office 365, Outlook и слично. Уште поскоро, пребарувачот повеќе нема да работи со платформата за групни собири MS Teams почнувајќи од 30 ноември оваа година.
Од компанијата ги охрабруваат корисниците да започнат со примена на новиот пребарувач Edge, кој треба да го врати Мајкрософт во позиција на активен конкрент на пазарот за интернет пребарувачи – примат кој го загуби пред подолго време поради застарувањето на Интернет Експлорер.