Во 2017 година, над 65,6 милиони луѓе беа принудени да ја напуштат својата земја. Секоја минута, 20 луѓе ги напуштаа своите домови
Лесно е да се игнорираат луѓето чии животи ги сметаме за ирелевантни, особено во преполн град. Но, првиот поглед не ја раскажува целата приказна. Ова е концептот зад новата реклама која Ogilvy Италија ја изработи за невладината организација Emergency.
Во рекламата “Every Person Matters” фокусот е на една од оние личности кои лесно се игнорираат и отфрлаат од општеството. Ова е приказна за Џалал, индиски имигрант, кој се вклупува во мноштвото на улични продавачи во Милано, каде што често е отфрлен од сите што ги среќава, но на крајот, станува херој.
Инспирирани од познатите ситуации каде што имигранти направиле големи хумани гестови, организацијата Emergency, која обезбедува бесплатна медицинска заштита за жртвите на војната и сиромаштијата, ја истакна оваа приказна за да илустрира дека секој човек е важен и дека нивните приказни се често подлабоки од она што се гледа на прв поглед.
“Ние цврсто веруваме дека секоја личност е важна“, изјави Росела Мичио, претседател на Emergency. “Препознавање на достоинството на секого е нашиот најдобар противотров против расизмот и рамнодушноста“.
Организацијата истакна дека во 2017 година над 65,6 милиони луѓе беа принудени да ја напуштат земјата. Секоја минута, 20 лица ги напуштаа своите домови.