Маркетингот со инфлуенсери првично беше резервиран само за големите брендови кои ги ставаа своите производи во рацете на познати личности, но Инстаграм ги промени правилата на игра. Па сега повеќето Инстаграм инфлуенсери се микро инфлуенсери со помалку од 10 илјади придружници.
Извештајот за промените во структурата на инфлуенсери е направен врз основа на активностите на повеќе од 12 милиони Инстаграм инфлуенсери во периодот помеѓу првиот квартал на 2018 година и првиот квартал од 2019 година, а кои се категоризирани во три групи: микро инфлуенсери кои имаат помалку од 10.000 следбеници, макроинфлуенсери кои имаат помеѓу 10 и 50 илјади следбеници и познати личности кои обично имаат профил кој го следат милион или повеќе луѓе.
По истражувањето беше заклучено дека бројот на спонзорирана содржина во изминатата година се зголемил за дури 150%, што укажува на сериозни промени во областа на маркетингот.
Најголем број од спонзорираните постови биле во врска со производи од модната и козметичката индустрија, а се забележани и промени во структурата на постовите, бидејќи на почетокот на тоа обично биле фотографии за да сега видео содржините излезат во прв план.
Експертите посочуваат дека предноста на маркетингот со инфлуенсери е тоа што е поволен во однос на другите начини на рекламирање, особено кога станува збор за макроинфлуенсерите, како и инфлуенсерите кои се специјализирани во одредена област, па се претпоставува дека во иднина ќе постојат се` повеќе компании кои ќе се одлучат за овој начин за рекламирање на своите производи.