Официјалната агенција за туристичка промоција на италијанскиот град Милано, Milano&Partners, ја отпочна својата нова кампања „Милано. Менува повеќе од само вашиот изглед“.
Целта е градот да се испромовира како одлична дестинација за време на празниците, а кој би бил подобар бренд-амбасадор за тоа од самиот Дедо Мраз? :)
Имено, во централниот спот на кампањата гледаме како добриот дедо посакува мала промена во животот за да ги наполни батериите пред неговите празнични обврски. Тој се одлучува за градот на модата, на уметноста, на операта – Милано.
Дедо Мраз го обновува својот моден стил, ужива во миланските музеи и библиотеки, се забавува во ноќните клубови, се воодушевува на опера во миланската Скала. Попатно, тој успева да создаде и нови пријатели.
Сепак, доаѓа време кога мора да замине и да се посветни на своите обврски, но не заборава со себе да понесе и соодветен сувенир.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Wunderman Thompson Italy и продукциската куќа Movie Magic International.