За да го одбележи претставувањето на новите целосно електрични MINI Cooper и MINI Countryman, производителот на автомобили неодамна ја претстави својата најнова кампања „Nice to Meet You Again“ („Мило ни е што се запознаваме повторно“).
Новата кампања од 360 степени, развиена од страна на внатрешниот креативен тим на компанијата и маркетинг агенцијата Anomaly, го претставува освежениот и модерен имиџ на брендот.
Надевајќи се дека ќе ја долови суштината на радосниот и имагинативен дух на возилото, сосема новиот бренд-имиџ, заедно со лансирањето на целосно електричните модели, претставува реинвенција на популарниот производител на автомобили додека останува верен на класичните дизајнерски карактеристики кои што го прават препознатлив.
Уникатниот визуелен стил е впечатлива карактеристика на кампањата, постигнат со користење на екстремен ефект на „рибино око“ и блокирање на боја. Создадени биле над 1.000 визуелни креативни за да се воспостави овој свеж визуелен изглед. Заедничко за нив е повторливата кружна форма, инспирирана од иконичните дизајнерски елементи на MINI, кои што треба дополнително да го зајакнат визуелниот идентитет и наследството на брендот.
„Новиот, експресивен визуелен јазик на нашата кампања “Nice To Meet You Again” привлекува силно внимание и диференцијација. Исто како и новите модели на MINI, асоцијативниот маркетинг демонстрира иновација и храброст“ – вели Себастијан Бешел, директор за маркетинг и брендирање во MINI.