Годишниот извештај на Бугарската асоцијација на комуникациски агенции (BACA) покажува дека нето-инвестициите во бугарскиот огласувачки пазар за време на пандемиската 2020 година изнесувале вкупно 455.1 милиони лева, односно 232.6 милиони евра.
Оваа бројка претставува пад од 1.4% во однос на претходната 2019 година, што е далеку помалку од минатогодишните песимистички прогнози за пад од над 10%.
Традиционално, повеќе од половина од парите во 2020 година биле вложени во телевизиско рекламирање, но само огласувањето преку дигитални медиуми забележало раст во текот на годината.
Во 2021 година, се очекува вкупните инвестиции за огласување да се зголемат и да го надминат нивото од 2019 година, достигнувајќи вредност блиска до 502 милиони лева, односно 256.6 милиони евра.
Се очекува раст во сите ставки на огласување, вклучувајќи ја телевизијата, дигиталните медиуми, радиото, надворешното огласување и кино-рекламите, со исклучок на принт рекламите чија вредност ќе продолжи да паѓа.