Професионалниот бодибилдер Мирко Петровски е новото засилување во тимот на бренд амбасадори на Polleo Sport во Македонија. Како добитник на многу национални и меѓународни награди за бодибилдинг меѓу кои и Државната награда “8-ми Септември” во 2013 година за исклучителен придонес за развој на спортот, афирмација и промоција на Република Македонија на меѓународен план, Мирко совршено се вклопува во имиџот на Polleo Sport.
„Среќни сме што Мирко го препозна нашиот бренд и одлучи да нѝ се приклучи во мисијата за поттикнување на поквалитетен живот исполнет со спортски активности и здрави навики. Како одличен познавач на сите аспекти од фитнесот, со долгогодишно искуство како личен тренер на многу успешни спортисти во бодибилдинг, фитнес, ракомет, фудбал, пливање и други спортови, тој ќе биде одлично засилување во нашиот тим во делот на едукација на граѓаните за придобивките од правилно комбинирање на соодветни вежби и балансирана, квалитетна исхрана.“ – велат од Polleo Sport.
Покрај тоа што од 2003 година поседува IFBB PRO CARD лиценца за натпреварување во професионалната бодибилдинг лига, Мирко е дипломиран професор по физичка култура, специјализиран за спортски тренинг и исхрана.
Тој вели дека е исклучително задоволен од договорот за соработка со Polleo Sport. „Ми претставува вистинска чест што станав дел од овој тим кој промовира здрав и активен живот. Благодарен сум што ми ја укажаа нивната доверба да ги здружиме силите во мисијата за едукација и мотивација на луѓето за достигнување на нивниот максимум во спортските и лични цели. Со Polleo Sport сите кои професионално или рекреативно се занимаваат со спорт добија пристап до висококвалитетни производи кои се неопходни, особено за нас кои се занимаваме со бодибилдинг и фитнес. Од суплементи, био и здрава храна, витамини и минерали, до фитнес опрема, облека и обувки, во Polleo Sport има сè што е потребно за вежбање и здрав начин на живот. На вас останува само желбата за поквалитетен живот.“ – објаснува Мирко.
Polleo Sport е еден од најголемите ланци на специјализирани продавници за спортска опрема и здрава исхрана во регионот. Носител е на престижниот сертификат за квалитет Superbrands, како и на Green Superbrands ознаката за бренд со високо развиена еколошка свест и одговорност. На македонскиот пазар влезе во мај годинава, со отворањето на првиот продажен центар. До сега има две продавници, а во подготовка е отворањето на третата.