Непрофитната организација Veloz отпочна едукативна кампања со која сака да одговори на дезинформациите што ги спречуваат луѓето да изберат да купат електрични возила.
За реализација на кампањата насловена “Myths Busting Myths” („Митови рушат митови“), организацијата го ангажираше познатиот американски комичар и продуцент Ерик Андре да го надгледува снимањето на четири хумористични видеоспотови во кои различни митски суштества рушат митови поврзани со електричните возила.
Во едниот спот ја гледаме Забната Вила која открива дека електричните возила се всушност поефтини отколку што вообичаено се мисли. Во друг спот, гледаме Сесквач кој открива колку е лесно да се наполни електричниот автомобил. Во третиот спот, една фамилиј на марсовци полнат автомобил во својот дом, а во четвриот спот – еднорог покажува дека секој може повторно да наполни водородна горивна ќелија во електричниот автомобил.
Рекламите ќе бидат емитувани на повеќе дигитални платформи во следните 15 месеци, на англиски и шпански јазик. Реализацијата на кампањата чини 4.25 милиони долари.
Спроведувањето на кампањата е поддржано од: Southern California Edison, Electrify America, PG&E, Uber, Bay Area Air Quality Management District, BMW, East Bay Community Energy, General Motors, Los Angeles Department of Water and Power, San Diego Gas and Electric и Ford.