Home » Во фокусот » „Младост без лудост“ – нова кампања на РСБСП и Меккен Скопје

„Младост без лудост“ – нова кампања на РСБСП и Меккен Скопје

Пред неколку дена објавивме статија на Маркетинг365 за разните графити кои се појавија низ Скопје и трендот на слики со познати кои кружеа на социјалните мрежи каде тие држат знак со порака “Младост без лудост“ и загатнавме мистерија дека станува збор за тизер за некоја нова кампања :) Епа мистеријата е разрешена!

„Младост без лудост“ е мотото под кое ќе се реализира нова кампања на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) во соработка со агенцијата Меккен Скопје, која и официјално викендов беше промовирана, а во наредниот период ќе се реализира во соработка со МВР, Агенција за млади и спорт, Град Скопје и другите партнери, а истата има цел да се намали бројот на загинати и на повредени млади лица во сообраќајни незгоди.

Слоганот на кампањата е „Младост без лудост! Младост е да си нескротлив, а лудост е да си невнимателен“. Со цел  полесно да се допре и да се доближи до младата популација, кампањата ќе се реализира на терен. Во нејзиниот фокус се младите луѓе на возраст од 18 до 40 години бидејќи тие влегуваат во категоријата ризични учесници во сообраќајот кои често се причина за предизвикувње сообраќајни незгоди и кои најчесто страдаат во сообраќајни незгоди.

Согласно сообраќајната статистика, во 2016 година, вкупно 165 лица го загубиле животот на патиштата во Македонија, од кои околу 40% се токму во оваа возрасна категорија. Вкупно 4000 млади луѓе, на возраст до 40 години, се тешко повредени во сообраќајни незгоди минатата година. Статистистичките податоци покажуваат дека на светско ниво, секоја година, 400.000 млади луѓе го губат животот во сообраќајни незгоди, или дневно се губат околу 1.050  млади животи на патиштата ширум светот. Неофицијалните статистички податоци за 2017 година, покажуваат дека за првите три месеци, вкупно 12 лица го загубиле животот во сообраќајни незгоди, од кои неколку се млади лица.

Претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, м-р Стојче Стаменковски, во најавата на кампањата потенцираше дека безбедноста на младите во сообраќајот одсекогаш била и ќе остане врвен приоритет на РСБСП: „Младите лица се активни подржувачи на РСБСП и активностите кои РСБСП ги реализира. Во оваа прилика, апелирам до сите млади лица во Република Македонија, да бидат внимателни и одговорни учесници во сообраќајот и не само тоа, ги повикувам сите во голем број и активно да се вклучат и да ја поддржат оваа кампања и заеднички да дадеме придонес кон подигање на јавната свест за поголема дисциплина, култура и етика во сообраќајот, сѐ за поголема безбедност на младите.

„Младост е да се поднапиеш, но лудост е да возиш пијан“. „Младост е да сакаш да зборуваш на мобилен телефон, лудост е тоа да го правиш додека возиш“. „Младост е да си жив и темпераментен, лудост е да си брз и агресивен во сообраќајот.Младоста оправдува многу грешки, но сообраќајот и сообраќајните незгоди не простуваат никогаш, а последиците се трајни“- потенцира претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, м-р Стојче Стаменковски, повикувајќи ги младите да бидат внимателни и одговорни учесници во сообраќајот.

Автор Marketing365

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 год.), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014). Почнувајќи од февруари 2015 година, Маркетинг365 е официјален претставник во Македонија на најпознатиот светски креативен фестивал Cannes Lions. Тимот на М365 го сочинуваат активни професионалци од маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. e-mail : contact@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365