Home » Во фокусот » Моднате куќа Primark ги повлече своите маички за ,,арогантни девојки“

Моднате куќа Primark ги повлече своите маички за ,,арогантни девојки“

Модната куќа Primark е обвинета за поттикнување на дискриминација, заради натписите на маичките за девојки од нивната најнова колекција.

Дизајнерите очигледно отидоа предалеку, што не остана незабележано од страна на родителите. Започнала и јавна расправа на таа тема, па оваа модна куќа ги повлече спорните маички, за да ја намали штетата.

Тоа се маички за ,,арогантни девојки.“Имено, натписите ја поттикнуваат арогантноста кај девојките, потенцирајќи дека само тие се доминантни и безобразно кул.

Идејата за ваков дизајн е инсприрана од цитатите од филмот „Злобни девојки.“

Ова се само некои од спорните пораки: ,,Не можеш да седиш со нас,“ (Звучи познато, нели?). „Ќе се видиме никогаш. “

Првите жалби стигнаа од твитер, а луѓето се згрозени од пораките.

Автор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365