Глобалното движење Fashion Revolution годинава одбележува 10 години активизам и залагање за етичка, одржлива и фер модна индустрија за сите. Во текот на Неделата на модната револуција што годинава ја одбележуваме од 15 до 24 април, ќе споделуваме со вас добри практики, едукативни материјали и практични вештини за подобра и зелена иднина.
Како огранок на глобалното движење, тимот на Fashion Revolution Macedonia организира неколку настани во Скопје и со тоа градот станува дел од глобалната акција за одржлива мода!
Овој 20 април станете модни револуционери со тимот на Fashion Revolution Macedonia. Организираме размена на облека во Бафо! Изберете ТРИ парчиња од вашиот гардеробер кои веќе не ги носите, а се во нослива состојба, и донесете ги да ги размените, чисти и уредни. Ве охрабруваме на секое парче што ќе го донесете за размена да ставите етикета со кратка приказна за тоа парче, кој е најдобриот начин за негово одржување и зошто го сакате. Овојпат ќе разменуваме само облека, па ако имате обувки, чанти и модни додатоци чувајте ги за следната размена која можете да ја организирате и самите.
Паралелно со размената на облека во Бафо, се одвива Работилницата – Mend in Public Day со нашите еко пријатели од Театар Сенки и Облаци. Дознајте за основните техники за поправка на облека од искусни шивачи. Научете да си го поправите вашето омилено парче облека со Магда и Дилек од македонскиот тим на Fashion Revolution. Сè што треба да направите е да го донесете вашето омилено парче облека кое е оштетено (има дупче или пак е отпарано на работ, џебот е откроен, ви паднало копчето и.т.н.) понесете си игла и конец доколку имате, ако немате ние ќе ви обезбедиме.
Пријавете се за учество на работилницата!
Горливите теми во модната индустрија, кои се движат од експлоатација на работници до деградација на животната средина, претставуваат застрашувачки етички и одржлив предизвик. Сепак, филмот нуди моќна алатка за анализа на овие сложености и поттикнување на акција. Ве покануваме на дводневната ревија на моден филм што ќе се одржи на 16 и 17 април во удобниот простор на нашите еко пријатели Europe House во Скопје. Покануваме претставници на медиумите, студенти, ученици активисти, инсајдери во индустријата и секој кој сака да дознае нешто повеќе за одржливата мода да ни се придружи на проекциите.
Не ја пропуштајте оваа можност да бидете дел од Неделата на модната револуција и придружете ни се во можноста за позитивно влијание на модната индустрија. Ве очекуваме!