Брендот на производи за лична нега Dove лансираше нова кампања за латиноамериканските пазари, насловена „My Hair A Mi Modo“ („Моја коса на мој начин“).
Според една интерна студија на брендот од април 2022 година, девет од десет жени се чувствуваат принудени да ја обликуваат косата на начини што се усогласуваат со општествените очекувања. Па така, со оваа кампања, Dove сака да ги предизвиква општествените притисоци и да ги охрабри жените да ја обликуваат својата коса на својот посакуван начин.
Централниот спот на кампањата е замислен како кратко музичко видео за преработената елетро-тропска верзија на компаниската химна „Soy Yo“ („Јас сум јас“). Главни ѕвезди во спотот се Лијана „Ли“ Сомет од колумбиската електро група Bomba Estéreo и младата американска актерка и авторка Сарај Гонзалес.
Од Dove се надеваат дека ќе отпочнат движење кое ги охрабрува луѓето да ја прослават уникатната убавина на сите типови коса и ги поттикнува поединците гордо да се изразат преку нивната фризура.
Кампањата е создадена во сорабтока со креативната агенција Media.Monks и бразилската режисерка Карла Дауден.