Германскиот бренд на чоколади Milka, дел од Mondelez International, ја лансираше својата нова реклама по повод претстојните Божиќни празници, насловена “My Favourite Santa” („Мојот омилен Дедо Мраз“).
Рекламата раскажува емоционално топла приказна за неверојатното пријателство помеѓу едно младо момче и чоколадните скулптурки на Дедо Мраз од Milka, илустрирајќи го концептот на кампањата дека самиот чин на подарување е најголемиот подарок.
Притоа, краткиот филм го спојува шармот на детската имагинација со највозбудливиот аспект од дизајнот на чоколадниот Дедо Мраз на Milka: намигнувањето.
Кампањата се создадена во соработка со креативната агенција Ogilvy Berlin.