Пред 25 години, тогаш младата практикантка Моника Левински имаше афера со американскиот претседател Бил Клинтон. Како реакција од јавноста, таа трпеше немилосрдно оцрнување, но болката од нејзиното минато сега е нејзин поттик во борбата против малтретирањето.
Како дел од нејзините актуелни напори, а по повод Националниот месец за спречување на малтретирањето, Левински ја лансираше кампањата “Stand up to Yourself”. Таа се осврнува врз една сеприсутната форма на малтретирање што често останува незабележана: самомалтретирањето, односно опровареноста со негативни мисли и претераната самокритичност.
Според истражување кое му претходело на кампањата, 74% од возрасните испитаници одговориле дека најлошиот критичар си се самите на себе, додека пак мнозинството (55%) признаваат дека нивните негативни мисли им се пречка за успех во животот.
Во центалниот спот на кампањата, луѓето на глас читаат навредливи забелешки кон некој близок. Тоа го прават со видливи тешкотии поради сериозноста на нивните зборови. Подоцна во спотот, луѓето откриваат дека никогаш не би ги кажале овие работи на некој друг, туку тие се всушност нивните сопствени, негативни, чувства за себе.
„За месецот за спречување на малтретирањето во 2023 година, сакав да истражам креативен концепт кој се фокусира на ментално-здравствените аспекти на малтретирањето – особено по излегувањето од пандемијата. А, сосем евидентно, нашата најинтимна врска е онаа што ја имаме со самите себе“ – посочува Левински.
Кампањата била осмислена и реализирана во соработка со креативната агенција Mischief @ No Fixed Address и комуникациската агенцијата Dini von Mueffling Communications. Кампањата истовремено ги поддржува некои од водечките светски непрофитни организации за ментално здравје, фокусирани против малтретирањето, вклучувајќи ги: The Childhood Resilience Foundation, The Diana Award, Project Rockit, Ditch The Label, Sandy Hook Promise, Anti-Bullying Alliance, Heartmob, the Hetrick-Martin Institute, Children Mending Hearts и The Tyler Clementi Foundation.