Популарниот ирски бренд на виски Jameson ја лансираше својата нова кампања „Must be a Jameson“ („Мора да биде Џејмисон“), изразувајќи колку се всушност „кул“ членовите на неговата глобална фамилија.
Во првиот спот лансиран како дел од кампањата се запознаваме со Хозе – човек на кој едноставно не може да му се уништи денот, без разлика на сѐ. Извалкана кошула? Пропуштена кривина? Не е проблем за Хозе. Тој никогаш не е збунет и секогаш избира да биде „кул“ и да пие тројно дестилирано ирско виски. Тој мора да биде дел од фамилијата на Џејмсон.
Подоцна во месецов, брендот ќе лансира уште еден сличен спот, овој пат сконцентриран на приказната на Јулија – жена која не се плаши од мала авантура и знае дека ако работите добијат неочекуван пресврт, тоа обично завршува најдобро. И таа мора да биде Џејмисон.
Наратор на кампањата е познатиот ирски актер Килијан Марфи, додека пак режисер е Брајан Бакли кој што има две номинации за оскар.
Кампањата е осмислена и се реализира во соработка со креативната агенција Ogilvy UK.