Home » Во фокусот » Александра Икономова : Мораш ли да работиш 24/7?

Александра Икономова : Мораш ли да работиш 24/7?

Прв доаѓаш во канцеларија, последен си одиш.. Викенди? Празници? Фамилија? Дали прекувремената работа е навистина неопходна? Проверувате мејлови доцна навечер, се поретко излегувате, работите додека сте на годишен одмор. Ова е начин да напредувате? Секоја работа можете да ја претворите во 24/7, ама никој не е Супермен. Фокусирај се на најбитните задачи, направи си распоред. Делегирај. Не можеш се сам!

 moras li da rabotis 24-7

Марија Златанова, (26 год.) организатор на свечености во Моја Свадба, ја признава иронијата дека го запоставува сопствениот љубовен живот, додека декорира нечија свадба. Ја обожавам мојата работа, но после 15 часа работа секој ден, и празници и викенди, се чувствувам преморена и немам време за ништо. Не се сеќавам кога последен пат сум ги видела пријателите. Избрав да живеам за да работам, на тоа ми се сведува секојдневието. А мојата кариера само што започна.

Игор Марковски, (38 год.) менаџер за продажба во Ренова, признава дека се буди среде ноќ и се вклучува на интернет, за да провери е-мејл… Станува во 5:30 со телефонот во рака и размислува за новата кампања, буџетот, низ глава му поминуваат сите состаноци за денес, што завршуваат доцна навечер… Ех, кога би се наспал.. ама секогаш има уште еден е-маил да се прочита, уште еден телефонски повик, уште еден неодложен состанок што требаше да се одржи завчера…

Како се случи ова? Главен виновник е новата технологија. 40% од вработените во бизнис секторот, поседуваат смартфон и ова ги зголемува работните часови надвор од работно време. Сега е полесно претпоставениот и колегите да те исконтактираат во било кое време или клиентот да ти се јави за да направи нарачка. Друга причина за прегорување е стравот од губење на работното место, недостаток на потребни квалификации или средства за работа, интерната конкуренција, ниски месечни примања кои неуморно се трудите да се зголемат или страв од губење на високата плата која едвај си ја обезбедивте.

Но, како што работите се подоцна и хронично сте ненаспани, губите на квалитет. Ова се рефлектира во вид на незадоволство и врз приватниот живот, кое повторно удира на намалена работоспособност и се вртите во круг.

Социолозите предупредуваат дека статусот Workaholic преминува во Workaholic-ко општество што резултира во вечно незадоволство од завршената работа и самиот себе. Емоционално оштетување и неспособноста да се релаксирате водат до нарушено здравје, анти-социјализација, нарушени меѓучовечки односи, разнишани семејства и зголемен број на разводи.

Феноменот „Прегорување“ и знаци дека сте ја претерале:

pregoruvanje

Marilyn Machlowitz, психолог од Њујорк, во својата докторска дезертација за workaholics, назначува дека сепак постои мала група на workaholics што се неверојатно среќни луѓе. Заљубени се во својата работа и никогаш не им е доста. Семејството и пријателите се воодушевуваат на нивниот успех, самостојни се на работното место, прават одличен баланс меѓу приватниот живот и работата, и водат здрав живот.
За останатите, прекувремената работа е лоша навика од која не можат да се одвикнат, се додека целосно емотивно и психички не се исцрпат.

-„Дури и господ одморил во недела“¹- откако го создал светот.

Автор: Александра Икономова

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365