Home » Во фокусот » Морган Фримен и Питер Динклиџ во „огнено-ледена реклама“

Морган Фримен и Питер Динклиџ во „огнено-ледена реклама“

Двајца одлични актери пеат плејбек на песните на Миси Елиот и Баста Рајмс

Претходно овој месец, PepsiCo објави дека Морган Фримен и Питер Динклиџ ќе се соочат во нова едноминутна реклама за Супер Боул, во која ќе ги претстават новите вкусови на Mountain Dew и Doritos. Но, тие не објаснија како всушност ќе го направат тоа.

Сега кога е откриена целата едноминутна реклама која е направена од Goodby Silverstein & Partners, имаме одговор и на тоа прашање. Двајцата пеат на плејбек на познатите хитови на Миси Елиот и Баста Рајмс, „Look at Me Now“ и „Get Ur Freak On.“

Бидејќи рекламата е за новите лути Doritos и освежувачкиот Mountain Dew, може да се каже дека ова е битка  на “огнот и мразот”.

Како дел од оваа кампања, брендовите ќе имаат и ексклузивни Snapchat филтри во неделата кога ќе се одржи Супер Боул, со кои фановите ќе можат да се снимаат себе си додека се обидуваат да пеат како Динклиџ или Фримен.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365