Home » Во фокусот » ‘’Mother London’’ постави џиновска града со цел да го нагласи својот став за доењето

‘’Mother London’’ постави џиновска града со цел да го нагласи својот став за доењето

#FreeTheFeed промовира неосудувачки пристап кон доењето

Сите оние кои изминатата недела кога воедно се славеше и денот на мајката во Велика Британија се прошетаа во областа на Shoreditch во  Лондон, имаа можност да видат џиновска женска града поставена на покривот на зграда во овој дел од градот.

Оваа града немаше само цел да ги шокира минувачите и јавноста, таа беше поставена со цел да постигне одредена цел. “Тешко е да се верува дека и во 2017 година мајките сеуште ќе се чувствуваат осудувани кога го дојат своето дете во јавност’’ во објава на својот блог беше наведено од страна на ‘’Mother London.’’

Дел од иницијативата на организацијата се заоснова на решавањето на одредени проблеми или нагласување на проблемте со кој ќе се соочуваат мајките кои се осудувани поради доењето во јавност.

Овој проект го слави правото на секоја жена која треба да одлучи кога и каде ќе го нахрани своето дете без притоа да има потреба да се чувствува застрамено или пак осудувано поради својот избор како да го храни своето дете.
Доењето е нешто најприродно и затоа не треба да биде дополнителна грижа за мајките и во 2017 година.
Зошто некој би требало да се грижи како и каде мајката ќе одлучи да го храни своето дете?
Но притисоците од општеството се реални и многу е тешко да се избегнат осудувачките погледи од минувачите како и коментарите.
Па од таму и иницијативата за женската града поставена во центарот на Лондон – можеби таа ќе им даде до знаење на минувачите дека потребно е да се ослободат од оваа табу тема и убедувања.

Автор Наташа Гулевска

Наташа работи како маркетинг менаџер во Nova Solutions. Нејзиниот ангажман вклучува активности како осмислување концепти и развој на нови брендови, унапредување на маркетинг стратегиите на бројни домашни компании и Интернет маркетинг. Завршува постдипломски студии од областа на јавните политики, а љубовта кон креативното изразување и маркетингот покрај професионален избор и претставуваат и пасија. Контакт маил: natasha@solutions.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365