Откако Самсунг го искористи Епл за сопствена промоција, сега тоа го направи и Моторола на нивна сметка, со рекламата „Up-upgrade to Motorola“.
Рекламата на Моторола „Up-upgrade to Motorola“ продолжува таму каде што застана онаа на Самсунг.
Да потсетиме, рекламата на Самсунг заврши така што поранешниот корисник на iPhone поминува покрај редицата во која обожавателите на iPhone мирно го чекаат својот ред, за да го купат најновиот модел – iPhone X.
https://www.youtube.com/watch?v=R59TevgzN3k
Токму тука продолжува рекламата на Моторола и во следниот кадар гледаме како нашиот нов херој задоволно доаѓа дома и се фали на девојката со својот нов телефон (Note 8). Девојката наместо очекуваното одушевување, го носи својот нов телефон – Moto Z2 Play.