Коцкастите бели комбиња се сигурно едни од последните возила кои ве асоцираат на елеганција и грациозност, но новата реклама на Volkswagen од Данска настојува да се промени таа перцепција.
Во видеото „Crafter balet“ флотата на Crafter комбиња се врти и вози во уредна формација, со звукот на „Лебедово езеро“ од Чајковски (во духот на оваа балетска претстава тука е едно црно комбе/лебед). Рекламата всушност ги промовира посебните системи на новиот Crafter, како што се сензорите за паркирање, асистенцијата за странично возење и асистенцијата со приколка, покажувајќи како овие системи овозможуваат толку совршени балетски потези.
Спотот е креиран од страна на агенцијата Subsero,а го режираа Jesper Skoubølling и Martin Furze, во продукција на продукциската куќа U Itch I Scratch. Спотот се врти онлајн и на социјалните мрежи.