Home » Во фокусот » Можат ли комбињата да играат балет? Овие очигледано можат

Можат ли комбињата да играат балет? Овие очигледано можат

Коцкастите бели комбиња се сигурно едни од последните возила кои ве асоцираат на елеганција и грациозност, но новата реклама на Volkswagen од Данска настојува да се промени  таа перцепција.

Во видеото „Crafter balet“ флотата на Crafter комбиња се врти и вози во уредна формација, со звукот на „Лебедово езеро“ од Чајковски (во духот на оваа балетска претстава тука е едно црно комбе/лебед). Рекламата всушност ги промовира посебните системи на новиот Crafter, како што се сензорите за паркирање, асистенцијата за странично возење и асистенцијата со приколка, покажувајќи како овие системи овозможуваат толку совршени балетски потези.

Спотот е креиран од страна на агенцијата Subsero,а го режираа Jesper Skoubølling и Martin Furze, во продукција на продукциската куќа U Itch I Scratch. Спотот се врти онлајн и на социјалните мрежи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365