Home » Во фокусот » Можете да здивнете – продолжени се пријавите за BalCannes

Можете да здивнете – продолжени се пријавите за BalCannes

Новиот рок е 20.9. до 00.00 h.

rovinj

Ровињ

BalCannes и оваа година, како што се и очекуваше, одлучи да им излезе во пресрет на креативните директори од регионалните креативни агенции и да го продолжи рокот за пријавување, и тоа за дури 10 дена. Новиот рок сега е недела, 20.09. до полноќ. Но сега тоа е дефинитивен рок !

Потсетуваме, регионалната ревија на рекламни агенции BalCannes овој септември се одржува по четврти пат како дел од Викенд Медиа Фестивал во Ровињ, Хрватска. Поканети да учествуваат, и така да се претстават во овој преглед на агенцискиот пазар во регионот се сите рекламни агенции од Македонија, Хрватска, Србија, БиХ, Словенија и Црна Гора.

Агенциите можат да ги пријават своите најдобри проекти во облик на триминутно видео во една од 10-те категории.

Сите пријавени проекти ќе бидат прикажани во склоп на screening програмата на WMF, а во текот на целата година ќе бидат достапни на BalCannes Yellow Pages страницата.

Иако проектот не е од натпреварувачки карактер, 25-те најинтересни проекти, ќе бидат претставени од агенциските претставници преку 5-минутна презентација во главната сала на Викенд Медиа Фестивалот, во ударниот термин.

За 25-те најквалитетни проекти со гласање ќе одлучи жири комисијата составена од новинари од регионот кои се специјализирани за рекламната индустрија водејќи се од неколку критериуми како оригиналност на креативната идеја, квалитетот на нејзината изведба и пазарниот успех.

Со овогодинешното жири претседава Борис Ефтимовски (Маркетинг365), додека останати членови се и : Иван Брезан Бркан (Нетокрација), Екрем Дупановиќ (Медиа Маркетинг), Марјан Новак (Маркетинг магазин) и Ивана Парчетиќ Митиќ (Маркетинг мрежа).

Оваа година за најдобрите проекти е обезбедена уште една специјална можност. Сите оние кои ќе влезат во листата на 25 избрани проекти ќе добијат 50% попуст при пријавувањето за овогодинешните Epica награди кои се одржуваат во Берлин.

Организатори на BalCannes се Хрватското здружение на агенции за деловно комуницирање (ХУРА) и Викенд Медиа Фестивалот.

Повеќе за BalCannes и за тоа како да ја пријавите вашата агенција можете да дознаете на овој линк: http://www.balcannes.com/sto-je-to-balcannes

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365