Програмата за македонска иницијатива за подршка (МСИ) е заинтересиран за партнерство со македонски фирми за (1) давање на услуги во врска со проектни настани, (2) печатење на промотивни материјали и (3) давање на услуги во врска со медиумска кампања за поголем број на настани на отворено на територијата на цела Македонија. Програмата е имплементирана од страна на АЕКОМ Меѓународен развој.
Отворен ПОВИК ЗА БАРАЊЕ НА ПОНУДИ (БП):
За подршка на активностите МСИ/АЕКОМ бара понудувачи за следите работи:
RFQ/RFP Number | Description |
RFQ # BPA-PR-009 | УСЛУГИ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА НАСТАНИ |
RFQ # BPA-PR-010 | ПРОМОТИВНИ МАТЕРИЈАЛИ |
RFQ # BPA-PR-011 | РАКОВОДЕЊЕ СО МЕДИУМСКА КАМПАЊА |
RFQ # BPA-PR-009 УСЛУГИ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА НАСТАНИ
За доделување на Рамковен Договор за Набавка (РДН) на фирма за пружање на услуги за организирање на настани што ќе вклучува достава, монтажа, одржување и демонтажа на опрема и материјали и пружање на други соодветни услуги за повеќе настани на отворено што вклуќуваат но не се ограничени на: фестивали (1,000 – 15,000 учесници), форуми на отворено, концерти, саеми и тн.
RFQ # BPA-PR-010 ПРОМОТИВНИ МАТЕРИЈАЛИ
За доделување на Рамковен Договор за Набавка (РДН) на фирма за пружање на услуги за печатење на промотивни материјали, што вклучува но не е ограничено на: печатење на маици, постери, флаери, платна за потребите на партнерите на програмата и настаните (како фестивали, форуми на отворено, ТВ и радио програми, настани на отворено, концерти, саеми, итн.).
RFQ # BPA-PR-011 РАКОВОДЕЊЕ СО МЕДИУМСКА КАМПАЊА
За доделување на Рамковен Договор за Набавка (РДН) на фирма за односи со јавноста за давање на промотивни услуги што вклучуваат промовирање на настани преку социјални медиуми, и традиционално промовирање на настани со користење на традиционални промотивни средства и алатки за потребите на партнерите на програмата и настаните (како фестивали, форуми на отворено, ТВ и радио програми, настани на отворено, концерти, саеми, итн.).
Понудувачите можат да ги добијат целосните текстови на барањата на понуди што ги содржат деталните инструкции за доставување на понуди на следните адреси: ristor@aecom-macedonia.com and/or muhamedi@aecom-macedonia.com and/or michaels@aecom-macedonia.com
Понудите мора да бидат добиени до: 10ти Јуни, 2016, 17:00 часот локално време Скопје