Оваа сонувачка приказна е за две деца кои не знаат за невозможното
Пенестиот бисквит на брендот Munchmallow ни` е добро познат на сите нас и е омилен на сите генерации на потрошувачи кои ги враќа во детството. Но, овој бренд е познат и по иновативноста во својата комуникација – кампањата од 2018 година освои награди на сите релевантни локални и регионални фестивали.
Новата кампања на Munchmallow повторно има уникатен формат. Заедно со агенцијата Ovation BBDO, тие го снимија бренд филмот “Приказна за себе“.
Оваа сонувачка приказна е за две деца кои кои не знаат за невозможното. Раскажана е во безгрижен детски дух и во формат на краток филм. Диригентската палка ја превзеде Рашко Миљковиќ, а фотографијата ја потпишува Микша Анѓелиќ, двајца автори на повеќекратно наградуваниот детски филм „Вештерки“. Во текот на пет дена снимање, дваесетина внимателно одбрани најмлади статисти и десетици килограми мачмелоу изедени на сетот, создадена е уште една бајковита Munchmallow “приказна за себе“.
Филмскиот формат е искористен за оваа приказна да не зависи од техничките ограничувања, а примарниот пласман е складен за целната група на брендот – Youtube.
Во продолжение е бренд филмот на Munchmallow: