Home » Во фокусот » Musical.ly – нова хит платформа за соработка со инфлуенсери

Musical.ly – нова хит платформа за соработка со инфлуенсери

Musical.ly е една од најпревземаните бесплатни апликации,  има повеќе од 133 милиони корисници ширум светот

Исклучително успешната музичка платформа Musical.ly веќе некое време е глобален хит, додека на нашите простори допрва треба да заживее. Некои ја нарекуваат “најголема креативна платформа на светот“, а работи на принципот на објавување на видео запис од 15 секунди со популарната lip sync (синхронизација на усните). Lip sync е скратеница од lip synchronization, а се работи за движање на усните во склад со однапред снимена музика или говор. Станува збор за омилената забава која заживеа преку популарните риалити емисии, Тв серии, социјални мрежи и посебни апликации посветени на креативни синхронизирани видео клипови со популарни музички хитови. Ваквиот формат создава инфлуенсери со потполно поинаков и невообичаен профил, а идеален е за маладата популација, особено за припадниците на Генерацијата Z /Gen Z. Најпопуларни инфлуенсери на оваа платформа се Baby Ariel (16 години) со 5.4 милиони фанови и Jacob Sartorious (14 години) со 3.5 милиони фанови, додека апсолутно најголема ѕвезда на платформата е кучето Jiffpom.

Musical.ly е една од најмногу превземаните бесплатни апликации, има повеќе од 133 милиони корисници ширум светот, секој месец расте за 13 милиони корисници, а во просек месечно има повеќе од 20 милиони активни корисници. Што значи тоа за вашата комуникациска стратегија? Прво, потребно е да се осмисли најдобар начин како оптимално да се искористи за конкретни комуникациски активности, водејќи сметка за тоа кому и за што е наменета (тинејџери и луѓе во раните дваесетти години) и што може да и` донесе на вашиот бренд. Второ, при изборот на инфлуенсер, водете сметка за преклопување на неговите вредности со вредностите на брендот, но и платформата која ја избирате за комуникација. Ниту едното, ниту другото не може присилно да се прилагоди на брендот.

Извор: Медиа-Маркетинг, Автор: Вероника Шлогар, DIALOG комуникации

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365