Милјардерот Елон Маск предизвика бројни реакции на социјалните мрежи и во медиумите откако се појави во седиштето на Твитер и тоа носејќи порцелански мијалник.
Егзибицијата на Маск се случува еден ден пред истекот на крајниот рок за реализација на договорот за купување на Твитер по цена од 44 милијарди долари.
Имено, по неколку месечните натегања помеѓу Маск и Твитер, судот во Делавер на почетокот на октомври донесе одлука според која договорот за купопродажба на Твитер мора да се реализира до 28 октомври или во спротивно ќе следи судење во ноември.
Елон маск напиша: „Влегувам во седиштето на Твитер! Нека слегне тоа малку“, при што кованицата од зборови која на англиски јазик значи слегнување (“sink in”) го вклучува зборот мијалник (“sink”).
Милјардерот ја најави својата посета на Твитер уште на почетокот на оваа недела, но сé уште нема доказ дека купопродажниот договор е комплетиран. Маск веќе напиша во својот опис на Твитер: “Chief Twit” („Главен твит“).
Елон Маск смета дака социјалната мрежа има потреба од значајни промени, особено во однос на политиката за слобода на говорот и бројот на спам-ботови кои оперираат на платформата. Маск исто така наговести дека компанијата има потреба од кратење на бројот на работни места.
Entering Twitter HQ – let that sink in! pic.twitter.com/D68z4K2wq7
— Elon Musk (@elonmusk) October 26, 2022