Најдобрите проекти на BalCannes ќе бидат избрани од претставници на огласувачите, агенциите и медиумите од целиот регион. Македонски претставници во жирито на BalCannes 2020 се Борис Ефтимовски (Marketing365), Илинка Црвенковска (IDEA Plus Communications), Сашо Пешев (New Moment) и Маја Наумовска (Halkbank AD Skopje).
Без грижа, вашите пријави не исчезнаа во вакуумот на џунглата BalCannes! Жирито вредно ги разгледува пријавите овие денови, а резултатите од нивната работа ќе можат да ги следат сите – доволно е само да се вклучите во директен пренос на ревијата на 24 септември во 16 часот од вашите домови или канцеларии и да го следите прогласувањето на добитниците на Фејсбук страницата на BalCannes.
Во салата собира неколку стотици луѓе, а секогаш се бара место повеќе. Овогодишното онлајн прогласување на победниците на BalCannes ќе им даде на сите можност да ги следат настаните од првите редови – во опуштено домашно издание. И, секако, не заборавајте да подготвите нешто за наздравување – затоа што ако вашиот проект се најде меѓу првите 25, ќе имате можност да јавите во живо и да го презентирате пред целиот регион!
Доколку го следевте онлајн прогласувањето на добитниците на наградите Effie, IdejaX и MIXX, знаете дека во текот на само два дена, собраа повеќе од 25.000 прегледи со голема интеракција на публиката, докажувајќи дека комуникациската индустрија и во кризни периоди е индикатор за квалитет, иновација и креативност, кои го менуваат општеството.
Затоа, резервирајте термин на календарот на 24 септември во 16 часот и навивајте за најдобрите проекти заедно со колегите со само еден клик. И не заборавајте да подготвите победнички говори, секогаш треба да бидете подготвени за лав…