RSVP – единствениот регионален фестивал специјализиран за евент индустријата ќе се одржи на 7-ми и 8-ми февруари во загрепскиот Plaza Event Centar (поранешен Hypo Centar). Се очекува дека двата програмски дена посветени на технологиите кои се користат во евент индустријата и евент туризмот, како и сите настани кои придонесуваат за развој на туристичките дестинации на едно место ќе соберат околу 500 стручњаци и претставници на индустријата поврзани со организирање на настани.
На вториот ден е предвидено и доделување на првата годишна награда ATTEND за најдобар регионален настан во осум категории. Пријавите за учество во натпреварувањето се отворени до 2-ри февруари а заинтересираните можат бесплатно да пријават неограничен број на проекти.
Повеќе информации за RSVP конференцијата можете да погледнете на нивниот веб сајт : www.rsvp.hr