Mr. Bingo е светски познат илустратор кој заработува за живот смислувајќи апсурдни проекти како оној во кој го продаваше своето пријателство на една година
На Денови на комуникации, од Лондон во Ровињ, доаѓа Mr.Bingo, уште еден исклучително интересен говорник, со свој уникатен настап. Mr.Bingo е врвен илустратор, архитект на успешни, контроверзни проекти како што е проектот Hate Mail, во кој непознати лица плаќаат за да им испрати навредливи, уникатно илустрирани разгледници.
После успехот на овој и неколку слични, би можело да се каже налудничави проекти, Mr. Bingo одлучи да ја напушти работата исклучиво за клиенти и компании и да заработува како слободен уметник.
“За интригантниот карактер на Mr.Bingo, зборува и фактот што престижниот Гардијан го нарече “troll for hire”. Тој ги оживува идеите кои многумина би се срамеле да ги кажат на глас, а Mr. Bingo токму провокативните и навидум апсурдни идеи, многу успешно ги претвара во пари и на нив гради кариера“, изјави директорот на Денови на комуникации и на програмата на фестивалот, Дуња Ивана Балон.
На предавањето во Ровињ наречено „Алтернативен начин да се заработи за живот“, на свој духовит и динамичен начин ќе не однесе низ последните 20 години од животот, кој ги одбележаа со низа успешни проекти и повремени неуспеси, како што е оној во кој се обиде да го продаде своето пријателство на една година.
На многумина, сè уште не им е јасно како функционира ова, но Mr.Bingo за живот заработува смислувајќи навидум апсурдни проекти. Како дел од еден од проектите, ги наградуваше учесниците на својата кампања Kickstarter, со чистење на нивните куќи, пиење во воз, испраќање на порнографски цртежи или непристојни повици за Божиќ.
Mr.Bingo, светски познат мајсор за провокација кој не се грижи за туѓите мислења, денес позади себе има портфолио вредно за пофалба, кое вклучува клиенти како што се Microsoft, BBC, Nike, Volkswagen и MTV.