ПР лидерите доаѓаат на Денови на комуникации! Една од највлијателните личности на глобалната индустрија на односите со јавноста – Пол Холмс и повеќенаградуваниот комуникациски експерт – Давид Орлик откриваат што носи иднината и како да се подготвите за предизвиците.
Осмото издание на фестивалот Денови на комуникации има најдобра фестивалска содржина досега и гледа кон иднината. По престижните маркетери и првите истакнати имиња во комуникациската индустрија, еден од најдобрите настани во светот ги носи лидерите во односите со јавноста. Од 2 до 5 април, фестивалот ќе биде домаќин на искусни професионалци за ПР, кои ќе ве мотивираат, инспирираат и научат како да го искористите потенцијалот на времето во кое живееме за ваша професионална корист.
Подгответе се да се сретнете со големиот Пол Холмс, кој често се опишува како највлијателна личност во индустријата за односите со јавност на глобално ниво. Да, ова е личноста од скоро секој учебник за односи со јавност и личност која поставува трендови. Тој ја започна својата кариера во Англија работејќи за локални весници, а денес целиот свет го препознава како лидер, основач и извршен директор на познатиот Holmes Report. Кога станува збор за трендовите, еден од нив е безвременски – одржливиот успех на ПР агенциите, но и на компаниите воопшто, кој Холмс верува дека може да се заснова само на највисоките етички и професионални стандарди. „Вашиот бренд е навистина сè она што другите го велат за вас, а најголемиот предизвик е да бидете сигурни дека тие ги кажуваат вистинските работи.“ Па, што велат луѓето за вас? Како да ја преземеме контролата? И најважното прашање – како да се соочиме со иднината на ПР-от? На Денови на комуникации, Пол Холмс ќе ги ви ги даде одговорите што ви се потребни за да се подготвите навреме на променливата околина и иднина и да бидете подготвени да се соочите со предизвиците.
За Дејвид Орлик, кој доаѓа од агенцијата Prime Weber Shandwick – најнаградуваната ПР агенција според Cannes Lions во периодот од 2010 до 2018 година и петтата најхрабра и најиновативна светска агенција за 2017 година на листата на Contagious Pioneers – можеме да кажеме дека долги години успешно ги руши претходно познатите рамки на комуникациската индустрија. Повеќенаградуваниот комуникациски експерт со 15 годишно искуство во сите области на односи со јавноста – од корпоративна комуникација до политика – ќе претстави нова парадигма за партнерство која ќе овозможи креативен развој во следната деценија и ќе објасни како ќе се промени динамиката помеѓу клиентите, агенциите и талентите.
„Престанете да работите за други брендови – започнете да градите ваш сопствен“, е водечкиот принцип на овој експерт за односи со јавност, а како успешно да изградите ваш сопствен бренд ќе ви открие во Ровињ. Како еден од ретките луѓе со награда Grand Prix Cannes Lions и МБА со диплома од Оксфорд, тој ја основа Orli&, советувал многу истакнати клиенти како што е ИКЕА, а неговите специјалности вклучуваат креативна стратегија, управување со промени и креативен развој.
Разновидната содржина за експертите за односи со јавност на овогодишниот фестивал Денови на комуникации вклучува и различни панели и мастерклас предавања во рамките на кои ќе имаме прилика да научиме за новите перспективи и трендови во професијата, а своите искуства ќе ги споделат реномирани експерти кои ги создаваат овие трендови. Специјална содржина ќе биде подготвена и за студенти од односи со јавноста, а своја презентација ќе имаат и победниците на наградата Grand PRix на Хрватското здружение за односи со јавност. Така, уникатните идеи и проекти кои што струката ги наградила, ќе имаат уште еднаш можност да се претстават, но и да бидат вистинска инспирација.
Своето присуство на фестивалот веќе го потврдија и највлијателниот маркетинг директор во светот, Кит Вед, реномираниот говорник на ТЕД, Рори Сатерленд, наградуваниот дизајнер со Еми награда и Jedi Master, Крис До, поранешниот евангелист на Мајкрософт, Џејмс Витакер и футуристот и визионер, Ари Попер.
Сите информации за фестивалот Денови на комуникација, котизациите и сместувањето се достапни на www.danikomunikacija.com.