Home » Во фокусот » На Денови на комуникации стигнува најдобриот експерт за односи со јавност во светот

На Денови на комуникации стигнува најдобриот експерт за односи со јавност во светот

Следниот и воедно последен најавен предавач на овогодинешната богата програма на фестивалот е глобалниот потпретседател на компанијата Philip Morris International и наградуван експерт за односи со јавност

Веќе е познато дека богатата програма на овогодишниот фестивал Денови на комуникации нуди за секого по нешто во комуникациската индустрија. Покрај разните панели и работилници наменети за ПР-овците, на фестивалот стигнува Арон Шериниан, експерт за односи со јавноста со повеќе од две децении искуство во корпоративниот, филантропскиот и дипломатскиот сектор.                                                                                                   

Почитуваниор PRWeek ја препозна неговата работа за Фондацијата на ООН и му додели почесна титула Global Communications Professional of the Year, а на тимот под негово водство, наградата Public Affairs Team of the Year.

Знаењето и искуството на Шериниан во различни сектори го доведоа до височините на комуникациската индустрија. Својата кариера ја започна и успешно ја изгради во американската дипломатија како шеф за комуникации на Фондацијата на ОН, а во индустријата која по самата своја природа е предизвикувачка, постигна голем успех. Во улога на глобален директор за комуникации на Aga Khan Development Network, игнорирајќи ја географската дистанца и разновидноста на индустриите, Шериниан изгради мостови меѓу политичките идеологии.

Денес ја извршува улогата на глобален комуникациски потпретседател на Philip Morris International, а неговата единствена позиција го прави лидер во комуникациската трансформација на една од најголемите светски корпорации. Во текот на неговата кариера на ефикасна комуникација постигнал одлични резултати, а колку комуникација ја смета за суштинска, ни е јасно кога вели: “Иновативната комуникација може да изгради позитивни глобални промени и да ги подобри животите на милиони луѓе”.

Експертот за односи со јавноста Арон Шериниан е најголемиот, но не и единствен претставник на ПР-овците на овогодинешниот фестивал Денови за комуникации; во тридневната програма, особено го истакнуваме ПР-панелот за комуникацискиот аспект на Брекзит, кој ќе биде анализиран од страна на експертите за комуникација и ПР “anti-masterclass” на тема кризна комуникација.

За повеќе информации за Денови на комуникации, посетете ја официјалната страница на фестивалот: www.danikomunikacija.com.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365