Ненад Ристовски ќе биде еден од тројцата гости на 17-то по ред Бизнис кафе – Македонија кое ќе се одржи на 9-ти јуни (овој Четврток) во 18:00 часот во кафе бар – СТОБИ, ГТЦ во Скопје.
Ристовски работи во маркетинг агенцијата Публицис од 2006 година на бројни интернационални и локални клиенти вклучувајќи ги: Телеком, Стопанска Банка, Крка, Веро, L’Oreal, Microsoft, HP, EVN, Алкалоид, Порше, Пивара Скопје и многу други.
Тој е специјализиран за дигитален маркетинг, Search Engine Marketing, Social media, mobile, web development, tracking & web analytics, развој и имплементација на медиски стратегии и планирање. Бил спикер на повеќе дигитални конференции и тренинзи во земјава и странство и е еден од основачите на ИАБ Македонија.
Посетителите на Бизнис Кафе Македонија ќе имаат можност да се запознаат со Ненад Ристовски и да чујат повеќе за неговата работа и искуствата кои го прателе во неговата досегашна кариера.
Карта за настанот чини 300 денари и може да се купи online на следниов ЛИНК, преку целата дистрибутивна мрежа на Купи карти за се (во Југотон ГТЦ, продажен пулт во Сити Мол, ТА Савана центар и други…) или на фактура со резервација на следниов е-маил:mkbizniskafe@gmail.com