Home » Во фокусот » На кафе со Ненад Ристовски – раководител на одделот за дигитални медиуми во Публицис Македонија

На кафе со Ненад Ристовски – раководител на одделот за дигитални медиуми во Публицис Македонија

Ненад Ристовски ќе биде еден од тројцата гости на 17-то по ред Бизнис кафе – Македонија кое ќе се одржи на 9-ти јуни (овој Четврток) во 18:00 часот во кафе бар – СТОБИ, ГТЦ во Скопје. 

Nenad Ristovski - web 1

Ненад Ристовски

Ристовски работи во маркетинг агенцијата Публицис од 2006 година на бројни интернационални и локални клиенти вклучувајќи ги: Телеком, Стопанска Банка, Крка, Веро, L’Oreal, Microsoft, HP, EVN, Алкалоид, Порше, Пивара Скопје и многу други.

Тој е специјализиран за дигитален маркетинг, Search Engine Marketing, Social media, mobile, web development, tracking & web analytics, развој и имплементација на медиски стратегии и планирање. Бил спикер на повеќе дигитални конференции и тренинзи во земјава и странство и е еден од основачите на ИАБ Македонија.

Посетителите на Бизнис Кафе Македонија ќе имаат можност да се запознаат со Ненад Ристовски и да чујат повеќе за неговата работа и искуствата кои го прателе во неговата досегашна кариера.

Карта за настанот чини 300 денари и може да се купи online на следниов ЛИНК, преку целата дистрибутивна мрежа на Купи карти за се (во Југотон ГТЦ, продажен пулт во Сити Мол, ТА Савана центар и други…) или на фактура со резервација на следниов е-маил:mkbizniskafe@gmail.com

Автор Marketing365

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 год.), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014). Почнувајќи од февруари 2015 година, Маркетинг365 е официјален претставник во Македонија на најпознатиот светски креативен фестивал Cannes Lions. Тимот на М365 го сочинуваат активни професионалци од маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. e-mail : contact@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365