Во пресрет на Олимписките и Параолимписките игри кои треба да се одржат во Париз следната година, француската филијала на германскиот гигант за финансиски услуги Allianz лансираше нова кампања насловена “Everyone needs somebody to lean on” („На секого му треба некој на кој ќе се потпре“).
Централниот спот на кампањата се фокусира на осуммина олимписките и параолимписки спортисти и нивниот близок однос на доверба со своите лични тренери. Нивниот уникатен однос се открива низ секојдневниот живот на тренерот и спортистот – од моментот кога ќе се разбудат наутро, до моментот на тренирање, а сето тоа е снимено во стил на документарен филм.
Всушност, кампањата прави аналогија помеѓу постојаната поддршка на тренерите кон спортистите и поддршката на Allianz кон своите клиенти, кои што се потпираат на нивните осигурителни агенти и финансиски советници во секоја фаза од нивниот живот.
Новата кампања на Allianz се реализира со помош на креативната агенција Ogilvy Paris и продукциската куќа Wanda Productions.