Напуштениот воен аеродром на границата меѓу Хрватска и Босна и Херцеговина обезбеди совршен амбиент за најновиот спот за Пежо 508
Пежо автомобилите отсекогаш биле синоним за удобност во возењето, а овај бренд токму тоа сликовито го пренесе во најновиот спот за новиот Пежо 508, за чии потреби еден познат композитор го замени пијаното со автомобил, кој го “отсвири” најдолгиот нотен запис во светот.
Кампањата е создадена од страна агенцијата BETC Париз, кој го повика познатиот композитор и пијанист RIOPY, познат по неговата работа на оскаровските холивудски продукции како “The Danish Girl“ и “The shape of water“. Заедно имаа уникатен предизвик: да го компонираат првото клавирско дело напишано на начин да го интерпретира автомобилот Пежо 508, на најголемиот нотен запис во светот.
Но, за да се напише најдолгиот нотен запис, потребно е и големо “платно”, а совршено место е пронајдено во напуштениот воен аеродром Жељава на границата меѓу Хрватска и Босна и Херцеговина.
Во текот на шест месеци работа со инженери, техничари и музичари, произведени се 190 ноти и 1.890 метри мелодија … И тоа е токму она што беше потребно да се произведе клучниот елемент на овој експеримент: зголемена реплика на нотен запис. И за RIOPY, создавањето мелодија за новиот Пежо508 беше уникатно: “Како музичар, секогаш сакам да ги поместувам границите. Мило ми е што успеав да создадам мелодија која зборува за срцето, почитувајќи ги бројните ограничувања. Тоа е сосема нов начин на правење музика.”
https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=77Q1JwYzcjQ
Со систем на ласерски сензори кои реагираат на варијации во бојата и обликот, поврзани со MIDI уредот во автомобилот, секој пат кога возилото минува низ нотите, се активира соодветен звук од оригиналната композиција. Преминувајќи ги нотите во вистинскиот ритам, новиот Пежо 508 во живо ја интерпретира музиката напишана од Riopy.
За повеќе наградуваниот режисер Џон С. Парк (од продукциската куќа QUAD), локацијата била очигледен избор: “Со километри на галерии издлабени во самата планината и пет писти, воената база во Жељава беше локација од соништата за овај експеримент кој никој досега не го направил.”
Подолу се деталите од снимањето:
https://www.youtube.com/watch?time_continue=2&v=MdS3Qpv-6ds