Едвај поминаа пет дена откако Британскиот мултинационален ланец на маркети Tesco ја лансираше својата нова Божиќна кампања, а британското регулаторно тело за огласување веќе успеа да прими над 3,000 прговори против неа.
Најголем број од жалбите тврдат дека рекламата поттикнува „медицинска дискриминација“, фокусирајќи се на сцена во која Дедо Мраз покажува сертификат за вакцинација за да може да помине преку граница.
Кампањата насловена “This Christmas, Nothing’s Stopping Us” („Овој Божиќ, ништо не нé сопира“) го пренесува сентиментот на Британците дека нема да дозволат ништо да ги спречи да уживаат во Божиќните празници оваа година.
Во однос на приговорите, од Tesco истакнаа: „ Ги почитуваме гледиштата на сите и знаеме дека Божиќ е многу важен период за многу од нашите потрошувачи, а по минатогодишните настани – тоа е повистинито од кога било. Тргнавме да создадеме кампања која ќе има ведар поглед на тоа како се чувствува нацијата и таа беше добро прифатена од колегите и потрошувачите. Сè уште сме среде пандемија и рекламата ги одразува тековните правила и прописи за меѓународно патување.“
Од британското регулаторно тело за огласување посочуваат дека внимателно ќе ги разгледаат приговорите пред да ја донесат својата одлука во однос на рекламата.